Француски „Санофи” ќе и помогне на „Модерна” во производството на вакцината

Француската фармацевтска компанија „Санофи” во септември ќе почне да ги полни и пакува вакцините против Ковид-19 на американската компанија „Модерна” во обид да ја задоволи побарувачката, соопшти денеска компанијата.

„Санофи” најави дека во својата фабрика во Риџфилд, во Њу Џерси, ќе помогне да се произведат до 200 милиони дози од вакцината на „Модерна”. Финансиските детали за зделката не се откриваат, пренесуваат француските медиуми.

Ова е трет ваков договор што „Санофи” го потпишува годинава. Во јануари, компанијата се согласи да работи со американски „Фајзер” и германски „БиоНТек” за производство на повеќе од 125 милиони дози од вакцината.

Еден месец подоцна, „Санофи”, исто така, постигна договор со американски „Џонсон & Џонсон” за околу 12 милиони дози месечно.

Оваа француска компанија, истовремено, ги развива своите две вакцини против Ковид-19, едната во соработка со британски “ГлаксоСмитКлајн”, а другата со американски „Транслејт био”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот