Франција дефинитивно ја згасне нуклеарката Фесенхајм

Нуклеарната централа Фесенхајм на истокот од Франција на самата граница со Германија од ноќеска повеќе не функционира, откако во 23 часот беше исклучен вториот реактор, јави дописникот на МИА.

Фесенхајм е најстарата француска нуклеарна централа и таа работеше во текот на изминатите 43 години на брегот на Рајна.

Демонтирањето на нуклеарната централа, прво од ваков вид во Франција ќе трае повеќе децении , се до 2040 година. Најпрво во 2023 година треба да заврши вадењето на горивото кое е високо радиоактивно, а самото демонтирање започнува во 2025 година. Во Франција има уште 56 реактори од ваков вид кои се  активност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот