Фото: Flickr/AandaSlater/Јутјуб/Принтскрин

ФОТО+ВИДЕО | Во оваа болница Кејт Мидлтон се лекуваше од рак: Емотивните зборови на принцезата допреа до сечие срце

Кејт Мидлтон утрово ја посети болницата „Ројал Марсден“ во Лондон, каде се лекуваше од рак. Ова е прв пат принцезата од Велс да излезе сама на подолга посета по повеќе од една година. Во оваа прилика таа се сретна со пациенти и им пружи поддршка.

Во исто време, таа лично се заблагодари на персоналот за нивната „исклучителна грижа, поддршка и сочувство“ што и ја покажаа во изминатите 12 месеци.

Принцезата разговарала и со една од жените на терапија, која на главата носела „капа за ладење“, уред кој може да помогне да се спречи опаѓање на косата.

Палатата Кенсингтон објави дека принцезата од Велс ја презеде улогата на покровител на болницата „Ројал Марсден“ со нејзиниот сопруг. Мајката на Вилијам, принцезата Дијана, своевремено ја имаше таа позиција.

Според портпаролот на палатата, принцезата сакала да дојде и да ја изрази својата благодарност до неверојатниот тим, но и да го привлече вниманието на светски познатата болницата „Ројал Марсден“ која нуди беспрекорна грижа и третмани.

– Олеснување е што сега сум во ремисија и останувам фокусирана на закрепнувањето. Како што знае секој кој доживеал дијагноза на рак, потребно е време да се приспособиме на новото нормално – напиша принцезата на „Икс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот