
ФОТО+ВИДЕО | Се „крчка“ рекордно големата штипска пастрмалија
Традиционалната џиновска штипска пастрмалија која се прави по повод познатата манифестација „Пастрмалијада“, која оваа година ќе биде рекордно голема со 17 килограми месо, како што пренесува телевизијата Мнет, е во финални подготовки и започна да се пече.
Препорачано
Николче Малинов, кој традиционално ја пригoтвува џиновската пастрамалија, вели дека за првпат ќе се употребат 17 килограми свинско месо, најмногу досега споредено со годините наназад. Посочува дека ќе биде направена по стар штипски рецепт и со нејзино сечење на шеталиштето „Ванчо Прќе“ ќе се означи стартот на овогодинешното издание на манифестацијата штипска „Пастрмалијада“.

„За оваа година подготвивме околу 17 килограми свинско свежо месо, значи рекорд. Лани беше околу 15 до 16 килограми, оваа година се 17 килограми месо. Ќе има околу 25 до 30 килограми тесто и два до три литри зејтин“, изјави Малинов.
ВИДЕО | Штипската џиновска пастрмалија годинава со рекордни 17 килограми месо
Тој истакна дека поради квалитетната опрема, за приготвување на пастрмалијата ќе бидат потребни околу два и пол часа, а на неа ќе работат четири до пет луѓе.
Манифестацијата „Пастрмалијада“ почнува на шеталиштето „Ванчо Прќе“, каде што е предвидена целодневна музичка програма и настап на локални музичари од Штип. Дополнително, на десет поставен штандови ќе се продава штипскиот специјалитет пастрмалија кој ќе биде достапен за посетителите, по цена од 220 денари.