Фото: Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Порано беа пријателки, а сега…: Северина сподели видео против Наташа Беквалац бидејќи настапила во текот на протестите во Србија

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ на својата инстаграм-приказна сподели видео во кое се вртат коментари во кои следбениците ја навредуваат српската пејачка Наташа Беквалац, која настапила во еден клуб во Нови Сад во текот на протестите на студентите во тој град, но и во цела Србија. Видеото е монтажа од снимки од нејзиниот настап и од протестот, а на видеото пишува: „Додека пендреците удираат врз мирните граѓани и студенти, додека солзи им течат по лицата поради солзавецот“.

Вo видеото се извлечени и коментари од последната објава на Наташа на Инстаграм.

„Не си добра Нато, молчиш како п…а додека твоите граѓани се лемат, срам да ти е“, напишала една следбеничка.

„Срам да ти е, Наташа! Скокаш гола додека во твојот град има крвопролевање и терор врз твоите сограѓани“, додала друга.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Наташа, треба да се срамите, засрамете се како мајка и како родена во Нови Сад. Никогаш нема да Ви го заборавиме ова“ и „само молчи и понатаму, засекогаш“, се некои од коментарите на следбениците.

Во видеото е ставен скриншот од песната на Наташа „Не валјам“, а на крајот од видеото пишува „NE VALJAŠ (НЕ ЧИНИШ)“ со големи букви.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IG🧿R (@sestrin.burazer)


Судејќи според објавата на Северина, се чини дека таа ги заладила односите со Наташа Беквалац. Имено, познато е дека тие се пријателки многу години, а во 2009 година Наташа беше гостинка на концертот на Северина во Белград, пишува „Слободна Далмација“.

– Од вчера кога ја прочитав оваа трагедија на вестите, срцето ми се кине. Ѝ посакувам на Северина натчовечка сила да го заштити и врати своето дете. На децата местото им е покрај мајката – рекла Наташа кога на Северина во 2024 година Врховниот суд и го одзема старателството над нејзиниот син Александар.

Северина веќе неколкупати ги поддржа студентските протести во Србија. Откако српската полиција ја приведе на разговор додека ја преминуваше границата поради нејзините „спорни изјави“, таа изјави дека никогаш повеќе нема да дојде во Србија.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот