ФОТО+ВИДЕО | Најмалку еден загинат во земјотрес во Мексико

Земјотрес Мексико
Епицентарот бил во близина на градот Акапулко на длабочина од 20 километри, а земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот / Фото: EPA-EFE/David Guzman

Најмалку едно лице загина, а неколку згради се оштетени во земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала што го погоди Мексико во текот на ноќта.

Епицентарот бил во близина на градот Акапулко на длабочина од 20 километри, а земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, кој е оддалечен 370 километри од брегот.

Делови од мексиканскиот главен град и Акапулко останаа без електрична енергија. Локалните власти потврдија дека едно лице загинало при пад на комунален столб, а засега нема извештаи за поголема материјална штета од земјотресот.

Извор: МИА

Фото: EPA-EFE/David Guzman
Фото: EPA-EFE/David Guzman
Фото: EPA-EFE/David Guzman
Фото: EPA-EFE/David Guzman
Фото: EPA-EFE/David Guzman

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот