ФОТО+ВИДЕО | „Крилата сѐ уште ми прилегаат“: Хајди Клум во секси издание за германскиот „Гламур“

Фото: Фејсбук/„Гламур“

Хајди Клум се најде на насловната страница на германското издание на женското списание „Гламур“.

Таа го најави интервјуто на својот инстаграм-профил и напиша: „Уау, моите крила сѐ уште ми прилегаат“, алудирајќи на нејзиниот период од кариерата кога беше „ангел“ на „Викторија сикрет“.

Германската манекенка и модна икона, која минатата година наполни 50 години, вели дека никогаш не се чувствувала толку атрактивно како што се чувствува на оваа возраст.

Клум вели дека не планира да ги следи општествените правила за тоа како треба да се облекува една жена во шестата деценија од својот живот.

„Да, имам 50 години, но не сум мртва. Јас сакам шарени и гласни нешта. Можеби тоа ќе се смени во некој даден момент во иднина, но засега – ова е мојата одлука“, вели таа за „Гламур“.

Фото: Инстаграм/Хајди Клум

Манекенката има слични размислувања и во врска со разликата во години со нејзиниот сопруг, 34-годишниот музичар Том Каулиц.

Клум стапи во брак со гитаристот на музичката група „Токио хотел“ во 2019 година и вели дека „сака да живее во моментов“ со својот партнер.

„Времето нема да застане за мене, а Том никогаш нема да ме стигне. Секогаш ќе бидам 16 години постара од него и го знам тоа. Знам дека ќе изгледам постаро од него. Можеби за десет години ќе ми биде проблем, можеби тогаш нема да му се допадне“, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот