ФОТО+ВИДЕО | „Икона на морињата“: Најголемиот брод за крстарење на светот исплови од Мајами

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ BBC News

Најголемиот брод за крстарење на светот исплови од Мајами, Флорида, на своето прво патување, но како што велат експертите постои загриженост за емисиите на метан од бродот, пишува „Би-би-си“.

Бродот наречен „Икона на морињата“ во сопственост на „Ројал Карибиан интернејшнал“ го започна седумдневното патување на Карибите. Еколозите предупредуваат дека бродот со погон на течен природен гас (ЛНГ) ќе истече штетен метан во воздухот.

Иако природниот гас согорува почисто од традиционалните поморски горива, како што е мазутот, постои ризик да избега дел од гасот, што ќе предизвика истекување на метан во атмосферата. Метанот е многу помоќен стакленички гас од јаглерод диоксидот.

Фото: Marco BELLO / AFP / Profimedia

„Тоа е чекор во погрешна насока. Би процениле дека користењето ЛНГ како поморско гориво емитира над 120 отсто повеќе емисии на стакленички гасови во текот на животниот циклус отколку морското гасно масло“, рече Брајан Комер, директор на поморската програма при Меѓународниот совет за чист транспорт, цитиран од новинaрската агенција „Ројтерс“.

Од „Ројал Карибијан интернејшнал“ велат дека бродот е енергетски поефикасен за 24 отсто отколку што бара Меѓународната поморска организација за модерни бродови. Компанијата планира да воведе брод со нето-нула до 2035 година.

Инаку, бродот е долг неверојатни 365 метри што е иста должина како 35 автобуси и тежи 250.800 тони. Исто така, има 20 палуби и може да собере до 10.000 луѓе – вклучувајќи 7.600 патници.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ ICON OF THE SEAS

И тоа не е сè, овој брод може да се пофали со многу интересни карактеристики. Најголемиот брод за крстарење на светот има најголем воден парк на море, има шест тобогани, седум базени и девет џакузи. Тука е и највисокиот водопад на море и парк полн со дрвја. Изградбата чинеше 2 милијарди долари (1,6 милијарди фунти), а има и повеќе од 40 ресторани, барови и салони.

Во четвртокот, светски познатиот фудбалер Лионел Меси, кој моментално игра за клубот „Интер Мајами“, учествуваше на церемонијата на именување на бродот.

 

ФОТО + ВИДЕО | Најголемиот брод за крстарење во светот ќе заплови во 2024

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот