Фотографијата од Цеца без коса ја воодушеви Италија (ФОТО)

instagram

Во една галерија во Ливорно, Италија со денови била изложена фотографија од пејачите Светлана Ражнатовиќ и Оливер Мандиќ, на која се без коса.

Фотографијата која настанала во дамнешната 2007 година, а на која Оливер и Цеца позираат за потребите за снимање на спотот за нивниот дует „Времето за љубов истекува“ ги воодушевила Италијаните и познавачите на уметноста ширум светот, пишуваат српските медиуми.

Авторката на ова дело, Вукица Микача ширум светот собира бројни импресии по повод оваа фотографија. Интересно е што бројните посетители на галеријата во Ливорно со денови го гледале ова уметничко дело, но никој не знаел дека на фотографијата се наоѓаат две познати личности од Балканот.

принтскрин

„Некои од најбараните уметници ширум светот се распрашуваа за фотографијата и ја вбројуваа меѓу петте најдобри кога е оваа форма во прашање. Така коментираа меѓусебе и се обидуваа да откријат дали жената на фотографијата е навистина ќелава или маската е толку добро направена“, вели добро известен извор упатен во сè што се случувало во уметничките кругови, пренесуваат српските медиуми.

И Цеца се огласи во врска со фотографијата.

„Навистина се работи за едно уметничко дело, а тоа што се нашло на изложба сведочи и за тоа дека вреди“, рекла Цеца и додала дека за таа прилика имала маска на главата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот