ФОТО | Зимска бајка во Словенија: Бледското Езеро изгледа величествено под снег

Фото: Инстаграм/Јака Иванчиќ

Според временската прогноза, Словенците ќе посведочат вистинска снежна бајка во наредните неколку дена. Како и секоја година, ова ќе привлече бројни странски туристи кои ќе сакаат да уживаат во убавините на Јулиските Алпи, пишува „Џоли“.

Една од најпопуларните дестинации за кратко зимско патување во Словенија е, секако, Бледското Езеро со својот природен остров Блед и средновековниот замок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaka Ivančič (@jaka_ivancic)

Островот е дом и на црквата „Успение на Богородица“, изградена во XV век. Постои верување дека доколку ја посетите оваа црква, вие треба да одѕвоните со камбаната и тоа ќе ви донесе добра среќа.

До островот може да се стигне со традиционален дрвен чун (словенечки: pletna). На островот на Бледското Езеро има 99 скали. Според локалната традиција за свадби, мажот ја носи в раце неговата невеста по овие скали, а таа мора да молчи додека тој го прави тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jaka Ivančič (@jaka_ivancic)

Иако градот Блед е прекрасен во текот на целата година, атмосферата е најволшебна за време на зимските месеци, кога околните планини изгледаат величествено.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот