
ФОТО | Во Скопје се собра безбедносната индустрија: „Синолоџи“ покажа производи соодветни на новите закони во земјава
Менаџерот во „Синолоџи“, Кенан Серхатлиќ, објасни дека компанијата одамна вградува вештачка интелигенција во своите производи, а нејзиниот сопствен оперативен систем денес овозможува едноставно користење без потреба од напредно знаење.
Компанијата „Синолоџи“, која влезе на престижната листа на светската истражувачка и консултантска куќа „Гартнер“, ги претстави своите најнови достигнувања на јубилејното десетто издание на „Adria Security Summit 2025“. Овој настан е најголем во безбедносната индустрија во Југоисточна Европа, а се одржа на 8 и 9 октомври во хотелот „Александар Палас“ во Скопје и собра над 2.000 учесници и 111 изложувачи од целиот свет.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Брендот, кој веќе развива производи со интегрирана вештачка интелигенција, настапи во партнерство со македонската компанија „JVS Net“, долгогодишен официјален дистрибутер на „Синолоџи“ за нашиот пазар.
Претставниците на компанијата во разговор за „Слободен печат“ ја нагласија важноста на регионот и на македонскиот пазар за развојот на современи безбедносни и ИТ решенија.
„Очекувањата од саемот беа високи, но беа исполнети“
Маркетинг-менаџерката на „Синолоџи“ за Балканот, Александра Милошевиќ, објасни дека компанијата е редовен учесник на самитот и дека веќе има богато искуство со балканскиот пазар.
– „Синолоџи“ е долго присутен на овој саем. Соработуваме со „Адрија“ во целиот регион, во секоја држава на Балканот и веќе знаеме како функционира овој пазар. Знаеме што да очекуваме и затоа доаѓаме секоја година. Најмногу сакаме да видиме луѓе кои доаѓаат, а веќе знаат што нуди „Синолоџи“, со конкретни прашања на кои можеме веднаш да одговориме. Сакамe и лично да се запознаеме со нив. За Централна и за Источна Европа имаме четворица луѓе кои се посветени на балканскиот пазар. Доаѓаме да го поддржиме локалниот пазар во Македонија, на кој работи нашиот официјален дистрибутер. Ние сме поддршка и за маркетинг и за продажба. Секоја година градиме односи со сите партнери во регионот. Најмногу ни се допаѓа тоа што во секоја држава, каде што се одржува самитот, доаѓаат учесници од целиот регион. Тука имаше луѓе од Црна Гора, Србија, Босна, Албанија. Саемот е многу посетен, а и нашите очекувања беа високи… и се исполнети– изјави таа.
Милошевиќ посочи дека многу партнери пришле на штандот на компанијата, прашувале за нејзините решенија, како да ги имплементираат и каде да ги купат, додавајќи дека „Синолоџи“ и „JVS Net“ се подготвени да споделат многу информации.
„Синолоџи“ влезе во листата на престижниот „Гартнер“
Менаџерoт за клучни клиенти за Балканот на компанијата, Кенан Серхатлиќ, се осврна на присутноста на брендот во Македонија и на новите решенија кои ги нуди.
– Брендот е одамна присутен во Македонија, а целта е да привлече што повеќе системски интегратори и партнери кои бараат решенија за различни аспекти од животот и работењето. Фокусот е на развој на решенија за бекапирање и сигурно чување податоци за крајните корисници и за компаниите. „Синолоџи“ настапува и со примарни платформи за складирање податоци на пазарот (primary storage), како и со опции за проширување (scale-out). Интересно е што брендот првпат влезе во листата на „Гартнер“ помеѓу големи брендови како „Pure“, „HP“ и „Dell“, што само по себе дава на значење. Самата препознатливост на „Синолоџи“ како добро бекап решение – од решение за домашни корисници до решение за бизниси – е доволна потврда. Затоа сме присутни и на проекти и во приватниот и во јавниот сектор, каде што се препознава дека „Синолоџи“ дава сериозно решение за заштита на податоци. Во портфолиото имаме и алатки за надзор, бизнис алатки, кои се замена за често користени алатки како „Офис“ и е-пошта. Зад сè стои вештачка интелигенција, па тука е и Чет ГПТ зад тоа, што многу помага секојдневно, на пример за пишување ракописи и текстови – објасни тој.

Новите серии содржат вештачка интелигенција во самиот оперативен систем
„Синолоџи“ одамна вклучи вештачка интелигенција во своите производи, додаде Серхатлиќ, пред сè станува збор за софтверска компанија, но од 2004 година се јави потреба софтверот да биде интегриран со хардвер, па направено е куќиште со тој софтвер. Но, објасни тој, примарно, „Синолоџи“ пред сè нуди софтвер – достапен за обични луѓе и за ентузијасти кои имаат потреба од заштита на своите телефони и компјутери.
– Во последниве години се развија нови серии со вештачка интелигенција во самиот оперативен систем. „Синолоџи“ разви сопствен оперативен систем, „Ди-ес-ем“ (DiskStation Manager), кој му дава предност пред останатите брендови. Лесно се интегрира со други системи и не е потребно големо знаење за да се користи и да се интегрира во кој било систем – заклучи Серхатлиќ.
„Синолоџи“ со решенија усогласени со новите закони
Извршниот директор и сопственик на „JVS Net“, Владимир Георгиески, кој е долгогодишен дистрибутер на „Синолоџи“ за македонскиот пазар, нагласува дека решенијата на компанијата се усогласени со домашните закони.
– Веќе 19 години сме дистрибутери на „Синолоџи“ за Македонија. Имаме големо искуство и во овој миг развојот на македонскиот пазар се гледа во имплементација на два сегмента: Законот за заштита на лични податоци, кој е обврзувачки, и Законот за сајбер безбедност кој беше донесен во јуни. Решенијата на „Синолоџи“ нудат целосна можност за имплементација на сите нивоа: од бекап, креирање резервни копии на далечина, подигнување „Active Directory“, подигнување виртуелизација ако е потребна за друг сервер, па сè до имплементација на целата таа содржина во една целосна компјутерска мрежа. Сите тие членови од законот може да се интегрираат преку „Синолоџи“ – почнувајќи од најосновното ниво, а тоа е „Active Directory“ – објасни тој.
Над 2.000 учесници и 111 изложувачи од целиот свет учествуваа на самитот „Адрија“
Јубилејното десетто издание на „Adria Security Summit“ успешно се одржа во Скопје. Настанот обедини повеќе од 2.000 учесници и 111 изложувачи од целиот свет, кои ги претставија своите иновативни решенија од областа на видео-надзорот, контролата на пристап, против-провала, пожарна заштита, физичка безбедност, сајбер безбедност, ИТ и ИКТ, автоматизација и паметни технологии.
– Горди сме на фактот што десеттото издание на Самитот ја потврди нашата мисија за поврзување на целиот регион преку знаење, иновации и партнерски односи. Овие денови, Скопје беше центарот на европската безбедносна индустрија, што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме да го шириме овој концепт и да ја унапредуваме платформата која придонесува за развој на секторот“, изјави претседателот на Организациониот одбор на безбедносниот самитот „Адрија“ – Махир Хоџиќ.
Годинешниот Самит вклучи богат конференциски програм со панели, предавања и презентации на водечки експерти од областа на безбедноста и технологијата, како и изложбен простор каде што учесниците имаа можност да ги претстават своите решенија, да воспостават нови контакти и да развијат деловни можности. Особено внимание привлече новата платформа „Adria Smart City“, која за првпат беше организирана паралелно со Самитот и беше посветена на технологиите за управување со урбаните средини на иднината.

Во текот на завршната церемонија беа доделени награди за исклучителни достигнувања во безбедносната индустрија во девет категории, со што уште еднаш беше истакната важноста на иновациите и придонесот на компаниите кои ја обликуваат иднината на секторот во регионот и пошироко.
„Adria Security Summit“ го организираше стручниот магазин за интегрирани безбедносни решенија „а&s Adria“, кој е дел од најголемата светска групација на „a&s“ безбедносни медиуми во сопственост на „Месе Франкфурт“, европски лидер во организација на саеми и индустриски настани.

Следното издание на безбедносниот самит „Адрија“ ќе се одржи на 7 и 8 октомври 2026 година во Загреб, каде што безбедносната индустрија на Југоисточна Европа повторно ќе има можност да се собере, разменува идеи и да ја обликува иднината на секторот.