ФОТО+ВИДЕО: Протести на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје под мотото „Оставка за Заев, слобода за народот“

Бојан Стојаноски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешното свое обраќање на протестот кој се одржа пред Владата под мотото „Оставка за Заев, слобода за народот“ побара оставка од Зоран Заев и специјалниот преговарач Владо Бучковски да престанат да ја распродаваат државата, да ги менуваат учебниците и историјата на Македонија.

„Добровечер почитувани присутни, народе на Република Македонија, и денеска сме тука пред владата на овој лажливец  кој јасно си кажа дека ќе ги менува учебниците, затоа нека свети црвената боја нека светат баклите како желбата на македонскиот народ да си ја заштити државата. Погледнете каква симбиоза црвена светлина на црна ноќ. Црвената е за македонските градови и села и историја и оние кои што ги дадоа животите  за гоцевите идеали, рече пратеникот.

Тони Михајловски на протестот пред Министерство за правда во организација на ВМРО-ДПМНЕ порача дека сега е време сите заедно да се сплотат и да му се спротивстават на предавникот Зоран Заев.

„Јас сум Македонец, мојата земја е Македонија, јазикот кој го зборувам е македонски.  Ова е еден од најцрните денови кои сме ги живееле, кога ни било забрането да зборуваме на македонски јазик и да се раѓаме као Македонци.  Не ни веруваме дека човек може да е волку предавник и да му е толку трула душата и да може да се одроди толку од сопствениот народ. За жал таквиот е роден меѓу нас и се вика Зоран Заев“, рече Михајловски.

 Михајловски укажа дека е сега моментот кога треба да се заборават ситните интереси и да си подадеме рака без разлика на идеологиите, филозофиите, јазикот кој го зборуваме и да застанеме во одбрана на јазикот и држава.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Стефан Андоновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Министерство за надворешни работи  кажа дека никогаш не ни помислував дека некогаш ќе се протестира за еднаш изграден идентитет кој е пренесуван со децении

Дали постои друга земја за Македонецот освен Македонија? Дали постои друг народ понесреќен, потажен, пообесправен од македонскиот народ. Никогаш не помислував дека ќе треба да протестираме за еднаш даден и изграден идентитет пренесуван со децении, со генерации. За некои работи не се преговара, за јазикот не се преговара, за идентитетот не се преговара, за македонските јунаци не се преговара, за промена на учебници не се преговара. Гоце Делчев е апостолот на македонското револуционерно дело, никогаш не се борел за големо бугарските интереси за освојување на Македонија и ширење на Бугарија, тој се борел за ослободување на Македониј. Тој е апостолот на македонското движење и најголемиот Македонец и од него не смееме да отстапиме, истакна Андоновски.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред МНР
Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред МНР/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов на протестот пред Министерство за правда во организација на ВМРО-ДПМНЕ порача дека не треба да молчат младите на распродавањето на националните интереси кое што се случува од страна на Владата. Младите не треба да дозволат да оваа држава остане без историја, јазик и идентитет.

„Ако замолчиме сега ќе треба да замолчиме засекогаш. А, дали ние младите на 21 век и младите на Република Македонија треба да замолчиме пред тоталното распродавање на се што значи национална посебност? Дали треба да останеме неми пред крадењето на нашата историја и нашето потекло, но и губењето на нашата иднина? Дали треба да останеме неми пред тоа да ни ја украдат иднината пред очи, запраша Попов.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда
Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Бране Петрушевски на протестот пред Министерство за правда во организација на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ повика на обединување на сите граѓани против штетните политики на Зоран Заев.

„Ве повикувам да се обединиме во овие најтешки моменти. На овие протести на кои се брани македонкиот идентитет, македонската држава. Тука треба да бидеме сите заедно“, рече Петрушевски.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда
Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Владимир Нелоски, претседател на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на денешниот протест пред Министерство  за надворешни работи рече дека ова власта кое денеска го прави нема да им помине.

-Денеска е денот кога Бучковски и Заев ни ја прекројуваат историјата, не убедуваат дека Гоце Делчев не бил Македонец, дека борците во народно ослободителната борба не биле убиени. Овде пред МНР за да ви порачаме дека нема да ви помине. Они на кои дедовците неа кметови кога тука во Македонија луѓе гинеа за слобода, а некои не убедуваа сега дека не  гинеле и не се бореле туку биле администрирани. Истите тие денеска едни од нив молчат, а други се обидуваат да ги понижат луѓето кои ги дадоа своите животи за ние денеска слободно да се движиме. Еден таков Петре Шилегов вели дека ќе ги однесе спомениците на депонија, Петре дали ќе го однесеш и споменикот на Ченто, споменикот на АСНОМ, споменикот на Кузман Јосифовски Питу исто на депонија? Не, нема бидејќи ние како народ нема да ти дозволиме тоа, истакна Нелоски.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда
Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката Рашела Мизрахи денеска на протестот под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ од пред министерството за надворешни работи им порача на граѓаните дека треба да се спротивстават на Зоран Заев и неговите лоши политики и анационализам. Политиките на Заев водат до губење на идентитет, јазик и историја. Ако тоа се изгуби се губи Македонија.

„Денеска не се обраќа Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, не се обраќа ниту пратеничката Рашела Мизрахи туку вашата сограѓанка, ќерка, сестра, мајка., жена од Македонија“, истакна Мизрахи.

Рашела Мизрахи
Рашела Мизрахи /Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Мизрахи додаде дека во секој збор од химната на Македонија има тежина. Во секој збор на химната има огромна вистина. А, текстот на химната го напиша Владо Малески.

„Колку ли горди треба да бидат неговите потомци, кога ги читаат овие стихови? Се надевам дека се“, рече Мизрахи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот