
ФОТО + ВИДЕО | Кевин Спејси одговори на обвинувањата на Гај Пирс: Ти не си жртва, порасни!
Двократниот добитник на Оскар, Кевин Спејси жестоко му одговори на својот колега Гај Пирс, кој го обвини дека сексуално го вознемирувал на снимањето на филмот „LA Confidential“ пред 28 години.
Препорачано
„Ти не си жртва, порасни“, рече Спејси еден ден откако Пирс го спомна во поткастот „The Hollywood Reporter’s Awards Chatter“. Пирс во поткастот раскажал како на својата тогашна сопруга ѝ кажал дека се чувствувал безбедно на снимањето на „LA Confidential“ само кога бил присутен Сајмон Бејкер, бидејќи Кевин се фокусирал на него, кој бил десет пати позгоден од него.
Kevin Spacey Responds to Guy Pearce Claims He Was “Targeted” By ‘L.A. Confidential’ Co-Star: “Grow Up, You Are Not a Victim” https://t.co/KfZBr8sb7T
— The Hollywood Reporter (@THR) February 18, 2025
Пирс не зборувал за сето ова речиси 28 години, а се „разбудил“ дури кога за време на посетата на Лондон, кога видел написи во весниците за обвинувањата против Спејси, во кои тој е опишан како сексуален предатор. Овој пат, обвинувањата дојдоа од вработените во лондонскиот театар „Олд Вик“, каде Спејси работеше како уметнички директор.
„Се скршив и почнав да плачам, не можев да престанам“, изјави Пирс, додавајќи дека дотогаш репресирал и блокирал што му се случувало во 1995 година на снимањето на филмот „LA Confidential“.
Тој додаде дека сите овие години одбивал да се нарече жртва.
Сега Спејси на сите обвинувања одговори јавно, на социјалната мрежа Икс, пренесува „Гардијан“.
„Работевме заедно одамна. Ако ти направев нешто што те вознемири, можеше да дојдеш кај мене. Можевме да го водиме тој разговор, но наместо тоа, реши да разговараш со новинарите, кои сега, се разбира, доаѓаат кај мене затоа што сакаат да знаат каков е мојот одговор на сето она што го кажа. Дали навистина сакате да знаете каков е мојот одговор? ‘Порасни’“.
Спејси продолжи:
„Се сеќавам дека Пирс леташе за Џорџија околу една година по снимањето на „LA Confidential“ за да помине време со мене. Тоа беше додека го снимав ‘Полноќ во градината на доброто и злото’. Се извинувам што не ја добив пораката дека не сакаш да поминуваш време со мене. Можеби имаше друга причина, не знам, но тоа нема никаква смисла. Но, еве ти сега си на мисија, околу 28 години подоцна, откако поминав низ пеколот и назад“.
Конечно, Спејси му рекол на Пирс:
„Сакаш да разговараме? Среќен сум во секое време, каде било. Можеме да го правиме тоа овде, во живо на Икс. Немам што да кријам. Но, Гај, треба да пораснеш. Ти не си жртва“.