ФОТО + ВИДЕО | Кејт Винслет реши повторно да се соблече пред камерите: Верувам во себе, не е важно што мислат другите

Фото: Simone Comi/ipa-agency.net / Shutterstock Editorial / Profimedia

Кејт Винслет реши повторно да се соблече, две години откако изјави дека деновите на соблекување пред камера и се „одброени“.

Оскаровката и ѕвезда на претстојната драма „Lee“ сподели со „Вог“ (Vogue) зошто соблекувањето пред камерите е „само уште еден нормален ден“ за неа, пишува „Њујорк пост“ (NY Post).

– Знам дека не треба да се троши драгоцена енергија на критикување на својот физички изглед – изјавила таа за магазинот во интервјуто кое го дала пред да започне штрајкот на актерите.

– Мислам дека е подобро секоја жена едноставно да каже: „Верувам во себе, не е важно што мислат другите, ваква сум јас“ – продолжила таа.

Фото: Инстаграм/ Vogue

Во „Lee“, чија премиера беше во саботата на Филмскиот фестивал во Торонто, Винслет (47) глуми манекенка кој станала воена фотографка, кој во времето на Втората светска војна работела како воен дописник за „Вог“.

Винслет во филмот се појавува топлес и рекреира една од познатите фотографии на Милер. Таа истакна дека на 47-годишна возраст не се плаши да го покаже своето голо тело или целосно да го промени својот зачудувачки изглед за публиката да се поврзе со ликот што го глуми. Исто така, таа рече дека мора да биде „храбра“ бидејќи да го покаже своето тело во природна форма и да не го крие „не е мала работа“.

Фото: Фејсбук/ Vogue

Винслет исто така рече дека „критиките за нејзиниот изглед на почетокот на нејзината кариера ја натерале да се грижи помалку за стандардите за убавина“.

– Мислам дека тоа веројатно произлегува од фактот што бев подложена на најстрашната провокација и осуда од мејнстрим медиумите кога имав само 20 години – се присети ѕвездата на „Titanic“.

Фото: Фејсбук/ Vogue

Да потсетиме дека Винслет, која тогаш имаше 21 година, се соблече за младиот Леонардо ди Каприо да ја наслика „како една од неговите Французинки“.

Во актерската екипа на филмот „Lee“ се и Александар Скарсгард, Андреа Рајзборо, Марион Котијар, Џош О’Конор и Енди Самберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот