ФОТО + ВИДЕО: Хаос во Париз, демонстрантите се судрија со полицијата, фрлен солзавец

Конвој на слободата на протест во Париз/Фото:EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Француската полиција денеска употреби солзавец против демонстрантите на Елисејските полиња во Париз, брзо откако „конвојот на слободата“ кој се бори против ковид мерките пристигна во француската престолнина.

Конвојот на слободата го блокираше сообраќајот кај Триумфалната капија/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Возилата со демонстрантите успеаја да ги поминат полициските контролни пунктови во центарот на Париз за да го попречат сообраќајот околу Триумфалната капија.

Демонстрантите инспирирани од сличните протести во Канада мафтаа со француски знамиња и свиреа од своите автомобили и покрај налогот од полицијата да не влегуваат во Париз.

Демонстрантите се инспирирани од протестот на канадските камионџии/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Полицијата побара од демонстрантите да се движат откако се качија врз возилата среде кружниот тек околу Тримфалната капија.

Во Париз се распоредени околу 7.200 полицајци и жандарми, пренесува Ројтерс.

Полицијата фрли солзавец врз демонстрантите/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Првпат од нередите во текот на демонстрациите на „жолтите елеци“ во 2018 година, жандармеријата на улиците изнесе и оклопни возила.

Премиерот Жан Кастекс предупреди дека одговорот на властите ќе биде цврст кои оние кои се обидуваат да го блокираат сообраќајот или престолнината.

Француските демонстрантите, инспирирани од протестот на канадските камионџии, се противат на сертификатите за вакцинација, неопходни за влез во ресторани, барови и јавни простори.

Француските медиуми наведуваат дека противниците на ковид мерките собрани во „конвојот на слободата“, го сочинуваат противници на претседателот Емануел Макрони и „жолтите елеци“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот