ФОТО | Уживаат на ладно: Десет раси на кучиња кои сакаат зима и снег

Додека некои кучиња уживаат во летото и одењето на плажа, други едвај чекаат зима и снег.

Во интервју за „Daily Paws“, ветеринарката Кристин Данк од Дулут, Минесота, град познат по снежните врнежи, ги наведе расите на кучиња кои најмногу уживаат во зимското време. Овие раси се познати по нивното густо крзно со двоен слој влакна што служи како изолација од студот. Иако се прилично отпорни на студено време, овие кучиња не поднесуваат ниту екстремен студ, па нивните сопственици треба да внимаваат кога температурите се премногу ниски.

Сибирски хаски

Познати по нивната љубов кон трчањето и силната желба за друштво, сибирските хаски се идеални за исклучително активни семејства. Тие се гласни, но не лаат премногу и често добро се согласуваат со другите кучиња. Но, тие многу се митарат, поради што бараат секојдневно четкање.

Фото: Пекселс/kateryna-babaieva

Маламут од Алјаска

По изглед слични на хаски, но многу поголеми, овие кучиња се разиграни и уживаат во зимските радости. Тие се многу комуникативни и се одлична раса за активни луѓе кои имаат искуство со кучиња.

Фото: Пекселс/till-daling

Бернско планинско куче

Бернско планинско куче (Bernese Mountain Dog) е совршено семејно куче – лојално, пријателски расположено и лесно за тренирање. Овие нежни џинови го сакаат снегот и им требаат околу 30 минути дневно вежбање за да бидат среќни. За разлика од маламутите и хаските, тие претпочитаат да се одмораат со своите сопственици.

Фото: Пекселс/travis-saagi

Американско куче ескимо

Овие бели кучиња совршено се вклопуваат во снежното опкружување и се познати по нивната желба за учење. Тие се многу интелигентни и лесни за тренирање, но бараат неколку прошетки дневно бидејќи се многу активни и можат да паднат во депресија доколку не се движат доволно.

Фото: Пекселс/mohan-nannapaneni

Бернардинец

Друг нежен џин, Бернардинецот ужива во студот благодарение на нивното двојно крзно. Иако на почетокот изгледаат страшно, овие кучиња се дружељубиви и имаат мирен карактер. За да бидат среќни и физички здрави треба да вежбаат два пати на ден.

Фото: Andrey Kuzmin / Alamy / Alamy / Profimedia

Лабрадор

Лабрадорите се една од најпопуларните раси на кучиња на сите времиња. Тие се интелигентни, сакаат да ги задоволуваат своите сопственици и ги обожаваат децата, што ги прави совршени семејни кучиња. Имаат двојно крзно, поради што уживаат во снегот. Но, им треба секојдневна ментална стимулација бидејќи се многу интелигентни.

Фото: Пекселс/mohan-nannapaneni

Норвешки трагач по лос

Оваа древна нордиска раса е стара речиси 6.000 години и е позната по својата независност и интелигенција. Нордиските трагачи се препорачуваат исклучиво за искусни сопственици на кучиња кои можат да посветат многу време на обуката. Иако се лојални, тие се прилично независни и слободољубиви кучиња.

Фото: Инстаграм

Куче од Њуфаундленд

Мирните, внимателни и тивки кучиња од Њуфаундленд првично биле одгледувани за да им помогнат на рибарите на островот Њуфаундленд. Имаат висока емоционална интелигенција, но треба што порано да се обучуваат бидејќи не се свесни за нивната големина.

Фото: Dave Porter / Alamy / Profimedia

Самојед

Самоједите привлекуваат внимание со впечатливото бело крзно, кое им овозможува да уживаат во постуденото време. Тие се многу активни и гласни, па во никој случај не се препорачуваат за луѓе кои живеат во стан. Самоједите најдобро се чувствуваат во големи дворови каде што можат да трчаат и да си играат со своите сопственици.

Фото: Пекселс/rainer-eck

Пиринејско планинско куче

Овие прекрасни кучиња од кралски карактер биле користени како чувари на добитокот и имотите на француското благородништво. И покрај нивната големина, пиринеските планински кучиња се нежни со другите животни. Најмногу од сè, тие претпочитаат живот на фарми или селски имоти. Тие сакаат да спијат во текот на денот и да станат поактивни навечер.

Фото: Wikimedia Commons

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот