ФОТО | Уште еден новинар убиен во Мексико за помалку од една недела: „Го киднапираа од неговата куќа и го застрелаа“

Полиција Мексико/ Фото Архива на Слободен печат

Мексикански новинар почина во неделата, откако беше застрелан два дена претходно, соопштија властите, и тоа е втор новинар убиен за помалку од една недела во таа земја, објави France24.com. повикувајќи се на Репортери без граници.

Алфредо Кардосо, фоторепортер од југозападната држава Гереро со висока стапка на криминал, бил застрелан откако бил киднапиран од неговиот дом во петокот.

Државното обвинителство на Гереро соопшти дека Кардосо бил повреден во болница два дена подоцна.

Кардоса бил киднапиран од мажи со качулки над главата. Тој дури следниот ден бил пронајден, ранет во возилото и префрлен во болница, каде што починал.

Засега не е јасно дали убиството е поврзано со неговата новинарска работа во Мексико, која е една од најопасните земји во светот за новинарите.

Радио новинарот Фреди Лопез беше убиен во четвртокот во јужната држава Чиапас. Најмалку 23 новинари претходно биле убиени за време на тригодишниот мандат на претседателот Андреас Мануел Лопез Обрадор, според Здружението за слобода на изразување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот