ФОТО | Треба да ослабне 15 килограми пред да оди на плажа: Камила Кабејо возврати на ужасните коментари

Камила Кабејо, Фото: Инстаграм

Пејачката Камила Кабејо(25) сподели детали за нејзиното ментално здравје во инстаграм-објава во саботата. Напиша дека „не дишела“ и дека ги држела стомачните мускули толку затегнати што почнала да чувствува болка.

„Се чувствував супер ранлива и неподготвена – носев премало бикини и не обрнував внимание на тоа како изгледам, потоа видов слики на интернет и коментари и бев толку вознемирена“, призна Кабејо во својата објава.

„Се потсетив како тоа влијае на мојата самодоверба кога размислувам како општеството, а не како себе“, продолжи таа. „Општество кое толку се има навикнато на сликата за тоа како изгледа телото на една „здрава“ жена која е сосема нереална за многу жени“.

Камила Кабело ги нападна папараците во саботата, велејќи им на обожавателите дека „никогаш не си поминала полошо на плажа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gossip Bae (@gossipbaeinsta)

„Изгледа како бебе кит“, „Прилично е здебелена“, „Секако не е пример како здраво да се храните“, „Треба да ослабне 15 килограми пред следниот пат да оди на плажа“, се само дел од коментарите што ја инспирираа објавата на Камила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by camila (@camila_cabello)

„Се потсетувам себеси на сето тоа, слушам поткасти за интуитивна исхрана, ги следам жените кои го прифаќаат својот целулит, стрии, стомак… Но, сепак сум слободна жена во своите 20-ти среде проклетата промоција и сакам да се чувствуавам добро поради тоа како изгледам“, напишала пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот