ФОТО | Тијана Дапчевиќ влезе во финале за Евровизија: Дали „Љуби, љуби довека“ ќе се пее во Торино?

тијана дапчевиќ
Тијана Дапчевиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Тијана Дапчевиќ синоќа си го обезбеди своето место во финалето за избор на песна која оваа година ќе ја претставува Србија на „Евровизија“ во Торино, Италија.

Македонската пејачка која со години живее и работи во Србија синоќа настапи со својата песна „Љуби, љуби довека“ чиј текст е дело на Леонтина Вукомановиќ. За гласовните способности на Тијана зборат бројните хитови кои ги отпеала до сега, но овојпат, се надмина себеси и се покажа во најдобро светло.

Дапчевиќ излезе сама на сцената, ја отпеа својата песна од душа, а секој збор што излегуваше од неа беше проследен со длабоки емоции. Дека публиката секогаш знае најдобро, за извонредната изведба на Тијана следеше долг аплауз.

Тијана ја маѓепса јавноста и со својот изглед. Пејачката за оваа прилика одбрала црвен елегантен костим во комбинација со
високи потпетици и впечатлива шминка.

Пред и по настапот на Тијана друштво ѝ правеше и нејзината сестра Тамара Тодевска која специјално допатувала во Белград како нејзина најголема поддршка.  Тамара  во 2019 година ја претставуваше Македонија на „Евровизија“ со моќната песна „Proud“, па стискаме палци оваа година да навиваме и за Тијана!

Покрај Тијана во вечерашното финале за избор на песна која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“ ќе се натпреваруваат и Наива, Сара Јо, Аца Лукас, Ана Станиќ, Ангелина, Ивона, Констракта, Марија Микиќ, Лифт, Чеги и браќа Блуз, Бибер, Зорја, Зое Кида, Зејна, Гифт, Грамофонџије и Оркестарот на Александар Софрониевиќ.

Нека победи најдобриот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот