Фото: Принтскрин / Инстаграм / Икс

ФОТО | „Таа заслужува подобро!“: Тина Тарнер доби статуа во нејзиниот роден крај, обожавателите останаа разочарани

Статуа на легендарата пејачка Тина Тарнер беше откриена во нејзина чест во Тенеси, државата каде што таа порасна, но реакциите на обожавателите беа поделени.

Триметарска висока статуа од неа беше подигната во Браунсвил, недалеку од средното училиште што го посетувала пејачката, како дел од годишната церемонија на која се слави нејзиното наследство.

Оваа статуа ја прикажува Тина со микрофон во рака и со нејзината препознатлива фризура. Скулпторот Фред Ајанога, кој е и автор на статуата, истакна дека посветил посебно внимание на нејзината коса, опишувајќи ја како „лавовска грива“.

По откривањето на статуата, имаше низа коментари од обожавателите на социјалните мрежи во кои се предлагаше статуата да се отстрани.

„Требаше да се сруши по откривањето. Тоа е многу лоша реплика на она што треба да биде легендарната Тина Тарнер“, „Ова е вистинско непочитување“, беа само некои од коментарите.

Дополнително, многумина истакнаа дека статуата е премногу смешна за нив, па ја споредија со холандскиот фудбалер Руд Гулит, пишува Unilad.

„Не можам да ја гледам без да се насмеам. Зошто ѝ го направија тоа на косата“, „Заслужува подобро“, „Ова не е Тина, ова е Руд“, напишаа обожавателите.

ВИДЕО | Соборен светски рекорд во чест на Тина Тарнер: Шест илјади луѓе танцуваа на песната „Nutbush City Limits“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот