ФОТО: Струмичкиот градоначалник ги пречека Ципрас и Заев

фото: Фејсбук

Градоначалникот на Струмица, Коста Костадинов вечерва во неговиот кабинет ги пречека поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев.

„Двајца поранешни лидери кои ги кренаа рампите меѓу Северна Македонија и Грција и трасираа пат на пријателство, разбирање, меѓусебна почит, ги зближија двата народи и ја зајакнаа севкупната соработка меѓу двете држави“, истакна Костадинов.

Тој разговараше за функционирањето на Општината, нејзиниот развој, новите предизвици и состојби во државата и регионот.

„Прекрасно е чувството кога разговараш со храбри и одлучни политичари и кога си на иста линија со нив, бидејќи само така можеш да обезбедиш сигурна иднина за граѓаните, општината и државата“, порача градоначалникот Костадинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот