ФОТО | Столче, кофа и може ќе се најде уште нешто: Констракта си купува реквизити во Израел

Констракта, Фото: Инстаграм. Јутјуб-принтскрин

Пејачката Констракта е српската претставничка на Евровизија оваа година, а со својот необичен настап таа ги освои срцата на повеќето кои имаа привилегија да го видат. Пред настапот во Торино, таа отпатува за Израел, се прошета и со работа на ум тргна во потрага.

Констракта, Фото: Instagram Story

Констракта победи со максимален број гласови на жирито и публиката, а пред настапот на европскиот натпревар заедно со евровизиската делегација работат на промоција на песната „In corpore sano“ која ќе ја претставува Србија.

Пејачката го посети стариот дел на градот Тел Авив и пазарите и сподели фотографија на која напиша дека собира реквизити за настапот на Евровизија.

Констракта, Фото: Instagram Story

– Одам на пат и собирам предмети за настап, сами се пласираат – напиша Констракта на фотографија објавена на „Инстаграм“ на која позира во бела комбинација.

Во едно од видеата на Инстаграм приказната на Констракт таа гледа во столчињата, а во описот додаде:

„А каде е кофата“.

Останува да видиме што ќе помине на царина.

ВИДЕО | Се огласи и Гоца Тржан за победата на Констракта: На луѓето им се сервира ѓубре, ова е одлична промена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот