ФОТО: Специјалците при претреси во затворот Идризово пронајдоа големи суми пари, мобилни, остри предмети и дрога

Претрес во Идризово/Фото: МВР

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР денеска под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, спроведе координирана полициска акција во Казнено-поправната установа Идризово Скопје.

Претрес во Идризово/Фото: МВР

Според фотографиите кои ги испрати МВР, претресот е направен со кучиња – трагачи, а во 14-те келии на осудениците се пронајдени повеќе недозволени предмети, но и голема сума на пари.

Претрес во Идризово/Фото: МВР

Акцијата, како што соопшти полицијата е во насока на превентивно делување, како и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи, а како резултат на продлабочената меѓуинституционална соработка.

Претрес во Идризово/Фото: МВР

-Постапувајќи по наредби за претрес, издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси во вкупно 14 ќелии и две соби во казнено-поправната установа, при што биле пронајдени: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни апоени и валути, таблет, 11 мобилни телефони, повеќе парчиња галантерија за мобилни телефони, неколку остри предмети, прашкаста материја, која била одземена, соопшти МВР.

Претрес во Идризово/Фото: МВР

Останатите пронајдени предмети за време на претресот ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот