ФОТО: Спалети и Франческо Тоти конечно ги „закопаа секирите“

Лучијано Спалети и Франческо Тоти/фото: EPA/ALESSANDRO DI MEO

Франческо Тоти и Лучијано Спалети денеска ги „закопаа секирите“ со голема прегратка, оставајќи ги зад себе годините на горчина од искуството на Рома.

Тие соработуваа за време на првиот мандат на тактичарот на стадионот „Олимпико“, но работите се распаднаа кога Спалети се врати по вторпат од 2016 до 2017 година.

Тоти беше пред крајот на кариерата и договорот, фрустриран поради недостигот на минутажа, додека тренерот чувствуваше притисок од навивачите и медиумите секогаш кога не го стартуваше капитенот.

Спалети дури беше прикажан како негативец во мини-серијата базирана на животот на Тоти, но во последниве месеци тие почнаа да го премостуваат тој јаз и да се отвораат за повторно обединување.

Селекторот на Италија предложи да се сретнат за време на планираната посета на тимот на „Аѕурите“ во детската болница „Бамбин Гесу“ во Рим.

Ова се случува непосредно пред утрешниот квалификациски меч за ЕП 2024 меѓу Италија и Македонија на стадионот „Олимпико“ во Рим, а бодовите им се важни на играчите на Спалети да ги одржат шансите за учество на континенталниот собир следната година во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот