ФОТО | Сообраќајна несреќа во Белград: Трамвај излета од шините и удри во куќа

Фото: Твитер

На улицата Цар Душан во Белград вечерва се случила сообраќајна несреќа кога трамвај излетал од шините и удрил во куќа.

Како што пренесуваат српските медиуми, во сообраќајната несреќа нема потешко повредени.

„Возачот на трамвајот на линија број 2 е полесно повреден. Повредена му е раката и увото кога пукнало стаклото откако удрил во семафор. Никој од патниците не се пријави дека е повреден засега“, изјавија за Блиц.рс од Градското сообраќајно претпријатие.

Несреќата се случила во 20.35 часот во населбата Дорчол.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот