ФОТО | Со солзи го заврши последното шоу: Елтон Џон се збогуваше со публиката на Гластонбери

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Сер Елтон Џон го затвори годинешното светско музичко шоу Гластонбери во неделата навечер.

Последниот концерт на музичката легенда, од неговата последна турнеја во Велика Британија беше незаборавно доживување за сите присутни, кои го оценија како „најдобриот хедлајнер на Гластонбери досега“.

Суперѕвездата со солзи во очите се појави на сцената во Гластонбери за последното шоу во Велика Британија од неговата турнеја „Farewell Yellow Brick Road“.

Фото: Ben Birchall / PA Images / Profimedia

„Збогувањето“ го гледаше и неговиот сопруг Дејвид Фурниш и нивните деца, како и славните пријатели, меѓу кои Дејвид Валијамс и Спајс Грлс, кои наводно требаше да му се придружат на блескавата забава по шоуто.

Фото: Dave Hogan/Hogan Media / Shutterstock Editorial / Profimedia

Ѕвездите како Пол Макартни, Тарон Егертон и Ендру Гарфилд, исто така, беа забележани зад сцената додека го гледаа шоуто пред да присуствуваат на забавата на Елтон.

На почетокот на шоуто, Елтон излезе на сцената во златен костум, а пред да седне на клавирот додека небото го осветлуваше огномет, тој изјави дека никогаш не помислил дека ќе настапи на фестивалот во вакво „специјално и емотивно“ шоу.

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Поп-ѕвездата Сер Елтон ги извади познатите црвени очила за да ги избрише солзите додека неговите музички гости му оддаваа почит на сцената.

Во текот на вечерта, тој ја посвети својата претпоследна песна „Don’t Let the Sun Go Down on Me“ на покојниот Џорџ Мајкл, токму на денот на неговиот 60-ти роденден, велејќи: „Ова е многу посебен ден денес, се прашував како да му пристапам. Џорџ Мајкл беше еден од најфантастичните британски пејачи и текстописци. Тој беше мој пријател, беше инспирација, а денес ќе го славеше 60-тиот роденден, па сакам да му ја посветам оваа песна нему. Целата музика која ни ја остави е толку прекрасна. Ова е за тебе Џорџ“.

На сер Елтон на сцената му се придружија Бени енд д Јетс, Дениел, Џејкоб Луск од Габриелс и Хорот на Лондонската госпел заедница. Потоа му се придружи Стивен Санчез за изведбата на песната на Санчез „ Антил ај фајнд ју “ (Until I Found You).

Сер Елтон потоа му посака добредојде на фронтменот на Килерс, Брендон Флауерс, а британската пејачка Рина Савајама излезе на сцената со него за да го изведат хитот„Дон гоу брекинг мај харт“ (Don’t Go Breaking My Heart).

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN
Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот