ФОТО | Си ја врати витката линија: Кристина Агилера откри како успеала да ослабне 20 килограми

Фото: Profimedia/EPA

Американската пејачка Кристина Агилера отсекогаш важела за неверојатен музички талент, но и за исклучително згодна жена. Сепак, во последните 10 години, таа се соочуваше со вишок килограми.

Сега Агилера, конечно, ја доведе својата линија во ред и откри како успеала да ослабне речиси 20 килограми. Таа не сакала да биде многу слаба, па се заљубила во своите облини, но со години работела на одржување на своето витко тело.

Нејзината фигура дошла до израз откако во 2008 година го родила синот Макс. Но, поради ангажманот во филмот „Бурлеска“ („Burlesque“) во 2010 година, таа сакала да биде што е можно повитка.

Кристина Агилера во „Бурлеска“ / Фото: Photo ITAR-TASS / TASS / Profimedia

Нејзината тајна „лежи“ во нејзината посветеност на здрава, урамнотежена исхрана и ригорозен режим на вежбање.

По раѓањето на нејзиниот син, таа почнала да го ограничува дневниот внес на храна на 1.600 калории и да се придржува до диетата. Тоа значи дека секојдневно консумирала богата растителна содржина и светли овошја и зеленчуци. Потоа се откажала од диетата и се фокусирала на здрава исхрана, обидувајќи се да јаде помалку слатки закуски, пишува „Дејли мејл“.

Покрај урамнотежената исхрана, таа е многу физички активна, па за да ја одржува формата, се посветува на различни вежби кои ѝ помагаат да го обликува своето тело.

Кристина Агилера денес / Фото: Инстаграм/Кристина Агилера

Вежба два до пет пати неделно, а ужива во јога, бокс и вежби за сила и кардио. Дека сериозно ја сфатила задачата да согорува калории покажува и фактот што тренирала со познатиот фитнес тренер Ти Сорж за да вклучи кревање тегови и кардио вежби, кои максимално согоруваат калории. Интересно е дека, своевремено, вежбала до осмиот месец од бременоста и неколку месеци по бременоста.

„Поминав низ подеми и падови. Поминав низ сè во овој бизнис – да сум премногу слаба, да сум дебела. Ме критикуваа дека сум од двете страни на вагата, но тоа се критики што автоматски ги блокирам. Го сакам своето тело Моето момче го сака моето тело. Син ми е здрав и среќен, па само тоа ми е важно“, изјавила пејачката и додала дека престанала да се мери и да се ограничува.

„Кога го снимав ‘Бурлеска’, изгубив толку многу килограми што бев премногу слаба. Сѐ е до тоа како се чувствувам во мојата облека, бидејќи она што на една личност изгледа добро може да не изгледа добро на друг тип на тело. Потребно е време да се дојде до тоа, но најважно е да се прифатите себе и вашето тело“, заклучила Агилера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот