Profimedia

ФОТО | Што возат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам?

Иако се членови на кралското семејство и главно седат на задното седиште додека друг ги вози, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон имаат возачки дозволи, а ќе се изненадите кога ќе видите какви автомобили возат.

Принцот Вилијам првпат беше фатен зад воланот во 1999 година на имотот Хајгроув, веднаш откако го положил возачкиот испит. Во тоа време се возел во скромен „форд фокус“ од првата генерација.

Тој ја добил својата возачка дозвола набрзо по неговиот 17-ти роденден, а неговиот татко, принцот Чарлс, на својот син му подарил црн „фолксваген голф“ за таа пригода.

Интересно е што и Кејт Мидлтон го возела истиот модел. Го купила својот „голф“ во 2001 година додека студирала на Универзитетот Сент Ендрјус, каде што го запознала Вилијам.

Profimedia

Во 2007 година, Кејт го замени својот „голф“ за сребрено „ауди A3“, додека старото возило му го дала на нејзиниот помлад брат Џејмс. Се чини дека ттогаш парот развил склоност кон германските автомобили, особено кон брендовите „ауди“ и „фолксваген“.

Кејт подоцна беше видена со Ауди А5, а потоа и со А7.

Profimedia

На денот на нивната венчавка во 2011 година, парот се возеше со „астон мартин“, кабриолет што му припаѓаше на кралот Чарлс и кој му го подариле неговите родители – кралицата Елизабета и принцот Филип – за неговиот 21. роденден.

Profimedia

За доаѓање дома од болница со новородениот принц Џорџ во 2013 година, Вилијам избра „ренџ ровер“, симбол на кралската традиција и сигурност. Кралското семејство има посебна врска со брендот со децении – дури и кралицата Елизабета поседуваше бројни модели.

Profimedia
Profimedia

Кејт првпат го покажа својот електричен „јагуар I-Pace“ во 2020 година, вреден околу 60.000 фунти. Тоа беше јасен гест на поддршка за одржливост, можеби инспириран од свекорот, кралот Чарлс, кој го купи својот I-Pace уште во 2018 година.

Profimedia

Електричните автомобили не се резервирани само за принцезата – во 2024 година и принцот Вилијам беше фотографиран како ја напушта клиниката во Лондон зад воланот на електричното „ауди“ со високи перформанси. Тој модел, кој може да забрза од 0 до 100 км/ч за само 3,1 секунда, чини повеќе од 120.000 фунти.

Profimedia

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот