ФОТО | Се омажи Татјана Стојановска: На Михаил му кажав „да“, 10 години откако ме побара за жена

Фото: Приватна архива

Десет години откако се свршија, ТВ-презентерката Татјана Стојановска и нејзиниот партнер, бизнис консултантот Михаил Китановски, вчера се венчаа пред најблиските.

Татјана и Михаил се една од најпопуларните двојки во јавноста, иако приватниот живот ретко го експонираат.

Фото: Приватна архива

За „Слободен печат“, Татјана накратко раскажа за вчерашната веселба и сподели неколку фотографии.

– Пред точно 10 години, на 10 јуни 2013 година, Михаил ме побара за жена на нашиот прв одмор во Грција, и тогаш по неколку месеци од запросувањето, почнавме да живееме заедно. И точно на 10-годишнината од запросувањето, вчера стапивме и официјално во брак. Регистрацијата и прославата се одржаа во хотел „Александар Палас“, заедно со нашите најблиски роднини и пријатели. Беше весело благодарение на групата „Соната“ и бисерниот глас на Кате, како и на нашите весели гости – вели Татјана за „Слободен печат“.

Фото: Приватна архива

Таа додава дека одлуката на 10 јуни да ја официјализираат врската, токму на овој симболичен датум, ја донеле спонтано. Тања и Михаил се најсреќни што гостите весело си поминале и сѐ уште се под импресии од нивниот најважен ден.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот