ФОТО | Се омажи ќерката на Бранко Црвенковски: Убавата невеста блесна во елегантна венчаница

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ќерката на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, Марија Црвенковска, синоќа се омажи за своето долгогодишно момче Дамјан.

Свадбената церемонија се случила во еден од најпознатите скопски хотели во строгиот центар на градот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Убавата Марија носела елегантна венчаница, а целиот изглед невестата го надополнила со нежна фризура и дискретна шминка.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Младоженците првиот танц го одиграле на песната „Љубовта е моја религија“ од Каролина Гочева и Владо Јаневски.

Дел од гостите на свадбената церемонија објавија видеа и фотографии со честитки за младоженците.

Инаку, синот на Бранко Црвенковски, Љупчо, неодамна доби принова во семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот