Кејт Мидлтон - Фото: Ben Whitley, PA Images / Alamy / Profimedia

ФОТО | Само два дена подоцна, Кејт Мидлтон повеќе не е русокоса

Изгледа дека краткиот обид на принцезата Кејт Мидлтон да се освежи со русите нијанси е завршен. Само неколку дена откако дебитираше со посветла боја на коса, 43-годишната принцеза од Велс повторно беше забележана со својата препознатлива темнокафеава коса, на натпревар од Светското првенство во рагби за жени.

Кејт Мидлтон – Фото: Ben Whitley, PA Images / Alamy / Profimedia

Кејт присуствуваше на натпреварот Англија-Австралија на стадионот Брајтон и Хоув Албион во саботата. За таа пригода, таа носеше елегантен црн костум со бела кошула, а косата ѝ беше полукрената, јасно покажувајќи го враќањето на старата боја.

Принцезата првпат ја наговести посветлата коса пред неколку недели, но официјално ја откри дури минатата недела, кога го посети Природонаучниот музеј во Лондон со својот сопруг, принцот Вилијам.

Оваа промена во изгледот доаѓа во време кога, како што неодамна беше откриено, Кејт и Вилијам се селат во нов дом со своите деца.

ФОТО | Кејт Мидлтон се врати од летен одмор и воодушеви со својот нов изглед

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот