ФОТО | Повеќе од 40 китови умреле откако се насукале на островот Луис во Шкотска

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ British Divers Marine Life Rescue

Британската нуркачка служба за спасување на морски животни (БДМЛР) соопшти дека во неделата наутро биле алармирани од полицијата дека пилот китови останале заглавени на плажа на островот Луис во Шкотска, објави „Гардијан“.

Првичните извештаи сугерирале дека има околу 55 китови меѓу кои имало возрасни и младенчиња, но набрзо било откриено дека од нив само 15 останале живи.

Од БДМЛР изјавиле дека нивните локални лекари им пружале прва помош на пилот китовите, а лекарите од околните области се подготвувале за интервенции и организирале транспорт до островот.

Причината за насукувањето е непозната, но се смета дека китовите можеби следеле една од женките.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ British Divers Marine Life Rescue

„Се чини дека еден од мртвите китови имал вагинален пролапс, така што се сомневаме дека целото јато се насукало поради пораѓање на една женка. Пилот китовите се познати по своите силни социјални врски, па често кога еден кит ќе има тешкотии, останатите го следат“, изјавиле од БДМЛР.

Крајбрежната стража, Шкотската противпожарна и спасувачка служба, полицијата и шкотската шема за заглавување на морски животни (СМАСС) исто така биле на местото на настанот во неделата.

 „Околу 15.30 часот, локалниот ветеринар заедно со крајбрежната стража, пожарникарите и спасувачите и ветеринарот за форензика дојдоа до заклучок дека плитката плажа и условите на груби бранови го прават местото премногу небезбедно да се спасат преостанатите животни. Со оглед на тоа колку долго китовите беа надвор од водата, покрај лошите услови, беше одлучено тие да бидат еутаназирани поради загрозување на нивното здравје и благосостојба“, додале од БДМЛР.

Службата во Обединетото Кралство примила повеќе од 3.000 повици за насукани морски видови на брегот на Обединетото Кралство минатата година, но обемот на вчерашниот инцидент е исклучителен.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ British Divers Marine Life Rescue
Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ British Divers Marine Life Rescue
Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ British Divers Marine Life Rescue

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот