ФОТО | Поделени мислења за „Прада“: Луксузната модна куќа „оживеа“ контроверзна дизајнерска чанта стара 110 години

Фото: Инстаграм/„Прада“

Во понеделникот заврши модната недела во Милано, каде италијанската модна куќа „Прада“ ја претстави својата нова женска колекција за сезоната пролет/лето за 2024 година.

„За оваа колекција не сакавме да филозофираме со приказни за облекувањето, туку се фокусиравме на методите, техниката и вредноста на производството“, објасни „Прада“ во врска со конкретната колекција.

Меѓу впечатливите парчиња облека се најде и женска чанта, чиј дизајн е стар 110 години и е дело на легендарниот моден дизајнер и соосновач на „Прада“ – Марио Прада.

Фото: Инстаграм/„Прада“

Но, она што го привлече вниманието кон овој моден додаток е контроверзниот детаљ – гротескно луто мало човече со испакнат јазик на затворачот.

„Моделот, со рачно врежан елемент што прикажува митолошка фигура, го одразува современиот ентузијазам за историската источна естетика и уметнички стилови што влијаеле на светската декоративна уметност и ликовната уметност помеѓу крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век“, велат од „Прада“.

Фото: Инстаграм/„Прада“

Љубителите на модата, кои сакаат да додадат навистина вредно парче во својата колекција, ќе имаат можност да го купат овој модел дури на пролет, кога повторно ќе се најде во продажба.

Фото: Инстаграм/„Прада“

ФОТО | Ги премина границите: „Прада“ продава искинати, валкани гаќи за 650 долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот