ФОТО | Почина познатата актерка од серијата „Касандра“

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Венецуелската актерка Нури Флорес почина на 80-годишна возраст. Во Македонија се прослави со улогата на злобната Херминија во популарната серија „Касандра“ .Актерката ја загубила битката со тешката болест на 10 март во Мајами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TV Novele (@tv_novelesrbija)


Нури својата актерска кариера ја започна во 1959 година, а покрај во серијата „Касандра“ беше и во теленовелите „Слугинката и сенаторот“, „Духот на Елена“, „Ангелот одмаздник“ и многу други.

Покрај актерството, Нури уште од мали нозе покажала склоност кон уметноста, а се пробала и како модел. Таа ја освоила наклонетоста на јавноста и кога се пријавила на натпреварот за Мис на Венецуела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот