Сузан Кендал Њумен/Фото: Universal Pictures / AFP / Profimedia

ФОТО | Почина ќерката на Пол Њумен: Позната е причината за смртта на актерката

Сузан Кендал Њумен, ќерка на познатиот холивудски актер Пол Њумен, почина на 72-годишна возраст по долга борба со хронични здравствени проблеми, пишува британски „Сан“.

Веста за срмтта на актерката, продуцентка и ќерка на легендарниот Пол Њумен го потресе филмскиот свет, а бројни колеги и пријатели се збогуваа со неа со топли зборови и спомени.

 

Сузан Кендал Њумен беше најпозната по улогата на Џенис Голдман во култниот филм од 1978 година „Сакам да те држам за рака“ (I Wanna Hold Your Hand), каде што играше една од тинејџерките кои едвај чекаа да ги видат „Битлси“. Оваа улога ѝ донесе голема популарност и го зацврсти нејзиниот статус како една од најперспективните актерки на своето време.

Покрај тоа, Сузан се појавила и во филмовите „Шамар“ (1977), во кои глумел и нејзиниот татко, како и во филмот „Венчавка“ од 1978 година, во режија на Роберт Алтман.

Таа, исто така, продуцираше серија аудиокниги со класици адаптирани за деца, за кои доби номинација за Греми во категоријата најдобар говорен албум за деца.

Сузан Кендал Њумен / Фото: Universal Pictures / AFP / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот