ФОТО: По пандемиските години во изолација, во Тетово масовно одбележан Бадник

Фото: Слободен печат

Со коледарската песна Вечниот Бог, дечињата низ тетовските улици го најавуваа Христовото Рождество.

Бадникарската литија најмасовна досега, по двегодишна пауза поради пандемијата, го врати заедничкото чествување на денешниот празник.

Фото: Слободен печат

Православните верници задоволни што во духот на христијанството се празнува Бадник.

„Прекрасен ден, се чуствува благодат низ градот, затоа и излегов да бидам дел од оваа прекрасна традиција“, вели еден тетовец.

„Од дечињата да слушаш како го објавуваат Христовото Рождество е нешто најубаво, одличен ден, вака да биде секоја година на овој ден“, додава друг тетовец.

Фото: Слободен печат

Колку недостигаат ваквите празнувања, говори и денешната масовност, велат од Тетовското архирејско намесништво.

„Оваа е таа духовна традиција со која всушност како што се вели во 8 – от псалм од устата на младенците си создал пофалба, па така од најмалечките од дечињата кој што во себе носат чисто срце, како што вели Господ Исус Христос, ако не бидете деца не можете да влезете во Царството небесно, од нив да започне објавувањето на веста за раѓањето на спасителот Исус Христос.Имавме период на пандемија и заради пандемијата, бадникарските литии и поворки не се извршуваа, еве сега по божја милост и промисла, оваа година ја воспоставуваме таа духовна традиција. Имено кога дечињата еден период пред Божиќ се подготвуваа во црквите да ја пеат песната Вечниот Бог, коледарска песна, песна во пресрет на Рождеството Христово“, изјави отец Александар Стојановски.

Фото: Слободен печат

По отслужената литургија, бадникарската поворка тргна од Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“, продолжи низ тетовските улици, а со божиќен концерт, празнувањето заврши на градскиот плоштад во Тетово.

Фото: Слободен печат

Вечерва во Тетово ќе се одржи и традиционалниот бадникарски маскенбал, а нема да изостанат и бадникарските огнови, каде во тетовските мала со посна трпеза ќе се дочека Христовото Рождество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот