ФОТО | Ова е зетот на Здравко Чолиќ! Ова момче го освои срцето на постарата ќерка на Чола

Здравко и Уна Чолиќ, Фото: Инстаграм

Постарата ќерка на познатиот пејач Здравко Чолиќ, Уна, е доста активна на социјалните мрежи, често споделува фотографиите и видеата со своите следбеници на Инстаграм. На Инстаграм ја поддржуваат и сакаат повеќе од 40.000 луѓе. Уна Чолиќ ужива во вниманието на социјалната мрежа, каде покажува што е ново во нејзиниот живот, а една објава особено ги заинтригира нејзините следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Una 🦋 Čolić (@unacolic)


За разлика од неговата сакана  ќерка, пејачот дури и избегнува интервјуа. Тој отсекогаш избегнувал таков вид споделување информации со јавноста и успевал да ја сокрие својата интимност речиси пет децении.

Уна деновиве е на зимување, па објави фотографии од скијање, а на една од нив позира со атрактивно момче покрај коe на фотографијата ставила емотикон срце.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Сите веднаш заклучија дека тоа е новиот зет на Чолиќ, односно момчето на Уна, што беше основа за коментари и прашања дали музичарот го запознал избраникот на неговата ќерка, што мисли за него и дали ја поддржува нивната врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Una 🦋 Čolić (@unacolic)


Да потсетиме, Здравко Чолиќ своевремено зборуваше за својата ќерка за која во последно време многу се зборува.

„Уна сака така. Таа е многу дружељубива и комуникативна, па веројатно ѝ значи. Тоа се тие години во кои сите имаме некои опсервации, фантазии и слично, јас не се мешам. Кога би навлегол во тоа, веројатно ќе ми пречи нешто, така што не навлегувам“, рекол претходно Чолиќ.

ФОТО | Уна Чолиќ порасна во вистинска убавица: Привлекува повеќе внимание од Здравко

ФОТО+ВИДЕО | Вистинска убавица: Ќерката на Здравко Чолиќ ужива во Дубаи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот