ФОТО: „Оставка“, „правда за жртвите“, „предавници“ – исти барања на вториот протест поради случајот со онкологија

фото: Слободен печат, втор протест за случајот онкологија

„Оставка“, „правда за жртвите“, „предавници“. Овие пораки до Владата и надлежните институции ги упатија граѓаните вечерва на нов протест по скандалот на Онкологија за случајот со кражбата на лекови.

Ова е втор протест по објавите дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогените заболувања завршувале на црниот пазар.

„Нашите барања и ултиматум од овој протест се: ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела; истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и на директорот Нино Васев; проширување на истрагата на работата на детската онкологија; целосна ревизија на работата на Клиниката за онкологија; правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија; вклучување онколошки пациенти, кои ќе имаат увид во самата истрага“, порачаа организаторите.

Учесниците на протестот меѓу кои и пациенти порачаа, „Чашата е прелеана а тие се спремни да одат до крај и да си ги измијат рацете преку новите измени на Кривичниот законик, беше порачано од протестот. Масовните протести да станат норма против неправдата“.

Протестот почна пред еден час пред владата, маршот ќе продолжи преку „Рекорд“ до плошатад, а ќе заврши пред Основното јавно обвинителство.

фото: Слободен печат, втор протест за случајот онкологија
фото: Слободен печат, втор протест за случајот онкологија

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот