ФОТО | Ново бизарно издание: Сопругата на Канје Вест целосно гола под кабаница, а раперот го покри лицето со маска

Фото: Profimedia

Американскиот рапер Канје Вест (46) и неговата сопруга Бјанка Ценсори (29) се појавија во јавноста во најбизарните изданија досега и повторно ja шокираа јавноста. Инаку, тие биле на пат кон музичко студио во Лос Анџелес кога папарацо фотографите ги забележале.

Ценсори носела проѕирен мантил со голем црн принт на него, но тоа не е детаљот кој на сите им привлече внимание. Сопругата на Вест не носела ништо под кабаницата, а ја искомбинирала само со високи црни чизми. И додека натписот ги сокривал нејзините голи гради, таа морала да ги крие препоните со рацете.

Фото: The Daily Stardust/ Khrome / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Од друга страна, Вест бил целосно облечен така што не било лесно да се препознае дека е тој. Раперот носел широко пончо под кое имало црна облека, а на лицето носел целосно црна маска.

Фото: The Daily Stardust/ Khrome / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Да потсетиме, Канје Вест веќе некое време го покрива лицето со маски. Тој пред неколку дена се појавил на кошаркарскиот натпревар на неговиот син Сент (8), носејќи морничава маска како онаа што ја носеше ликот Џејсон Ворхис од филмскиот хорор серијал „Петок тринаесетти“ („Friday the 13th“).

ФОТО | Како лик од хорор филм: Канје Вест дошол на натпреварот на својот син со морничава маска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот