ФОТО | НАСА објави спектакуларна фотографија од ѕвездите: Како новогодишна елка во вселената

Фото: Принтскрин / Твитер

За време на празниците, НАСА објави спектакуларна фотографија од вселената на која се гледа структура од ѕвезди која наликува на украсена елка. Се разбира дека не е во прашање вистинска новогодишна елка.

Оваа фотографија позната и како „Кластерот на Божиќното дрво“, покажува облик на космичка елка со сјај на ѕвездени светла. Се работи за кластер од млади ѕвезди – со возраст од околу еден и пет милиони години кои се во нашиот Млечен Пат, оддалечен околу 2.500 светлосни години од Земјата.

Фото: Принтскрин / Твитер

Овој космички феномен наликува на украсена новогодишна елка поради изборот на бои, слики во различни бранови должини на светлина и ротација на композитната фотографија. Сино-белите трепкачки светла се всушност млади ѕвезди кои емитуваат рендгенски зраци, додека зелената боја го претставува гасот во маглината.

Фотографијата е ротирана во насока на стрелките на часовникот за околу 160 степени, па изгледа како врвот на „космичкото дрво“ да е на врвот на фотографијата. Младите ѕвезди, како овие на фотографијата, се многу нестабилни и произведуваат моќни блесоци и други видови промени, видливи во различни бранови должини на светлината.

Координираните, „трепкачки“ варијации прикажани на оваа фотографија, сепак, се вештачки, за да се нагласат локациите на ѕвездите што се гледаат на рендгенските зраци и да се нагласи сличноста на структурата со новогодишна елка.

Во реалноста, варијациите на ѕвездите не се синхронизирани, односно „светлата“ на маглината не трепкаат толку добро како оние на украсената елка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот