ФОТО | Највисоката жена на светот првпат леташе со авион, биле отстранети 6 седишта поради неа
Екипажот морал да отстрани дури шест седишта поради необичниот патник. Се работи за 25-годишната Румејса Гелги. Турчинка се смета за највисока жена во светот.
Како што пишуваат турските медиуми, Румејса Гелги, по професија правник, за првпат летала со авион. Оваа 25-годишна девојка патувала од Истанбул за Сан Франциско.
View this post on Instagram
Румејса Гелги е висока 2.156 метри. Растот предизвикан од болеста – Виверов синдром – ѝ донесе на девојката влез во Гинисовата книга на рекорди.
Гелги инаку не можела да се качи на авионот кој лета за САД. Екипажот бил принуден да отстрани шест седишта за да се смести специјалната носилка за 13-часовниот лет на Турчинката.
View this post on Instagram
Медиумите во Турција кои го опишуваат случајот со 25-годишната девојка забележуваат дека Гелги секојдневно користи инвалидска количка. Виверовиот синдром, од кој страда Гелги, е ретко генетско нарушување кое предизвикува многу брз, абнормален раст на коските на телото и забележителни отстапувања од нормата на телесната градба.
View this post on Instagram
„Беспрекорно патување од почеток до крај… тоа беше мојот прв лет, но нема да биде мојот последен. Голема благодарност до сите кои беа дел од мојата авантура“, напишала Гелги (25) на Инстаграм по слетувањето во Америка.
View this post on Instagram