
ФОТО | Најубавите очи на Холивуд се затвориле во силни маки: Два абортуси и тешка болест
Руни Мара е избрана да ја игра Одри Хепберн во претстојниот биографски филм за легендарната актерка, во режија на Лука Гвадањино, познат по остварувањето „Call Me By Your Name“.
Препорачано
Хепберн достигнала ЕГОТ статус бидејќи ги добила наградите Еми, Греми, Оскар и Тони. Таа дополнително добила и признанија за својата хуманитарна работа.
Холивудската икона Одри Хепберн е родена во Белгија на 4 мај 1929 година, како единствено дете на бароницата Ела ван Хемстра и англискиот банкар Џозеф Виктор Ентони Растон.
Уште од најраното детство ја учеле на бонтон, а мајка и ѝ зборувала дека нејзино најсилното оружје треба да ѝ бидат женственоста и насмевката. Затоа, не треба да чуди што важеше за една од најубавите жени и најголемите дами на своето време и го стекна епитетот на вистинска дива.
View this post on Instagram
Родителите на Одри се развеле кога таа имала само шест години, а нејзиниот татко, како симпатизер на нацистите, го напуштил нивниот семеен дом. Одри често го спомнувала овој настан како најтравматичен во нејзиниот живот, а таа никогаш не престанала да го бара својот татко.
Таа успеала во својата намера и го нашла тешко болниот татко во Даблин, на кого му праќала финансиска помош до крајот на неговиот живот.
– Многу тешко го поднесов заминувањето на моите родители. Татко ми нѐ напушти во 1935 година, а мајка ми тогаш ми објасни дека отишол на патување и дека не верува дека некогаш ќе се врати. Набргу почна војната и се загрижив дали е добро и дали е воопшто жив. Секој ден му пишував писма за сè, но мајка ми никогаш не ги испраќаше, бидејќи ниту таа не знаеше каде е. Од ден на ден научив да живеам без татко, но станав љубоморна на другите девојчиња кои имаа татко. Кога заврши војната, во мене се роди голема љубопитност која дотогаш не ни знаев дека ја имам. Преку Црвениот крст дознав дека живее во Ирска, но ми требаа уште многу години да се осмелам повторно да му напишам писмо. Кога тоа се случи, на 25 години, бев доволно зрела и сфатив дека само затоа што заминал не значи дека не ме сака. Собрав сили и го посетив. Никогаш не го мразев бидејќи мајка ми секогаш зборуваше позитивно за него и за тоа ѝ бев бескрајно благодарна – изјавила во една прилика актерката, пренесе „24сата.хр“.
Кога започнала германската окупација на Европа, таа се преселила во Норвешка со нејзината мајка бидејќи мислеле дека таму ќе бидат безбедни, па почнала таму да посетува балетско училиште. Во Норвешка се разболела и од анемија, а бидејќи живееле во трошен стан, Хепберн тука првпат наишла на страдање, поради што подоцна станала голем борец за човекови права.
– Никогаш нема да ги заборавам ужасните сцени што ги видов тогаш. Секојдневно одвезуваа камиони полни со Евреи до логорите. Моментот на кој се сеќавам и денес е кога видов едно русокосо момче кое мирно заминува во сигурна смрт. Носеше неколку броеви поголемо палто и насмевка на лицето. Бев дете кое, гледајќи го, му се восхитува на друго дете. Затоа и го посветив својот живот на работата во УНИЦЕФ – открила таа.
Кога завршила војната, Одри се преселила во Лондон со нејзината мајка, а поради сиромаштија нејзината мајка била принудена да работи различни работи, од чистачка до гувернанта.
На тој начин и самата Одри била охрабрена да почне да работи и сфатила дека глумата е многу подобро решение за неа од балетот. Нејзината мајка секогаш шиела убави фустани и, како што и самата постојано нагласувала, никогаш не се забележувало дека немаат доволно пари, а секогаш сонувала за тоа дека еден ден ќе има повеќе.
На голема врата на Холивуд влегла во 1953 година со улога во филмот „Празник во Рим“, по што потпишала голем договор со медиумската куќа „Парамаунт“ и се преселила во Лос Анџелес.
Потоа ја добила улогата во филмот „Сабрина“ во кој игра со Хемфри Богарт, а за време на снимањето се запознала со познатиот моден дизајнер Ибер де Живанши и станал негова муза.
View this post on Instagram
За време на снимањето на споменатиот филм таа го запознала и актерот Вилијам Холден и се вљубила во него. Иако Холден во тоа време бил во брак, таа верувала дека ќе се разведе и ќе основа ново семејство со неа, набрзо дознала дека тој бил подложен на вазектомија и сфатила дека никогаш нема да може да биде со таков маж.
– Бев лудо вљубена во него, како и во многу други, бидејќи сум многу заљублива природа. Ја имам оваа лоша особина што кога започнувам романса веднаш се замислувам себеси со тој човек во длабока старост, а подоцна страдам. Вилијам не сакаше деца, а јас сонував дека еден ден ќе станам мајка, па моравме да се разделиме – изјавила тогаш Одри.
– Со Вилијам беше страст, а вистинската љубов ми се случи само една година порано кога најдов и венчаница и сакав да се омажам. Со тоа момче го одредив и датумот за свадбата, но потоа сфатив дека не можам да се посветам на работата и семејството и го оставив – истакнала Хепберн.
View this post on Instagram
Во следните години таа станала многу популарна, улогите само се зголемувале, а добила и Оскар.
Таа го запознала својот прв сопруг Мел Ферер во јануари 1954 година, а се венчале во септември истата година. Иако се шпекулирало дека овој брак нема да трае долго поради неговата тешка природа, тие двајца многу се сакале и биле среќни.
View this post on Instagram
Синот Шон го добиле во 1960 година, а актерката пред тоа имаше два спонтани абортуси. Едниот од нив се случил во март 1955 година, а другиот кога паднала од коњ и го скршила ‘рбетот на снимањето на „Непростено“. Лекарите тогаш тврдеа дека и двата абортуси ги имала поради голем стрес, а многу таблоиди тогаш пишувале дека нејзиниот сопруг психички и физички ја малтретирал и дека поради тоа не можела да ја носи бременоста. Потоа нивниот брак беше во криза, додека не се родил Шон.
– Моментите кога ќе дознаете дека сте го изгубиле бебето траат со години. Страшно е кога некој ќе ви каже дека вашето бебе умрело во вашата утроба. И двата пати ми се скрши срцето затоа што многу сакав да станам мајка. Знам дека сешто се пишуваше, но сфатете, Мел беше човек кој многу го сакав и никогаш нема да кажам ниту еден грд збор за него. Бев среќна со него или само така мислев, сега веќе не е ниту важно. Не сакам луѓето да мислат дека сум тажна, не сакам сожалување во ниедна смисла, сакам да ме сакаат поради позитивната енергија што им ја пренесувам – изјавила тогаш таа.
Хепберн се разведе од Ферер по 14 години брак. Главните причини биле тоа што тој имал многу љубовници, но и тоа што таа почнала да чувствува нешто кон актерот Алберт Фини.
View this post on Instagram
Животот го продолжила со синот, а во својот дом почнала да носи и многу љубовници. Во јануари 1969 година повторно се омажила за италијанскиот лекар Андреј Доти, кого го запознала на патување во Грција.
Следната година двајцата го добиле синот Лука, но нивната среќа завршила 13 години подоцна кога се развеле откако таа дознала дека нејзиниот сопруг има неколку помлади љубовници.
– И двата пати чекав да пораснат моите синови за да се разведам. Не сакав момчињата да останат без татковците кога беа мали. Нивните раѓања се двете најубави работи што ми се случиле во животот. Мајчинството и породувањето се најубавите искуства на светот – изјави тогаш актерката.
Таа извесен период се повлеклаод светот на филмот бидејќи имала ризична бременост додека го носеше Лука. Одри се вратила на големото платно во 1979 година со улога во филмот „Bloodline“.
Од 1980 година живеела со колегата Роберт Волдерс, но не се омажила за него бидејќи ја изгубила вербата во институцијата брак.
View this post on Instagram
На почетокот на 1992 година со УНИЦЕФ отпатувала во Сомалија, а на враќање почнала да чувствува силни стомачни болки. Како што подоцна се испоставило, убавата актерка боледувала од рак на дебелото црево и белите дробови. Почнала со хемотерапија, но ѝ пукнале цревата и морала итно да се оперира. Ракот ѝсе проширил и лекарите констатирале дека ѝ нема спас.
Одри Хепберн починала на 20 јануари 1993 година, а била погребана во Швајцарија, каде што многу обожаватели и почитувачи на нејзиниот лик и дело сè уште секојдневно оставаат цвеќе на нејзиниот гроб.
View this post on Instagram