Фото: Инстаграм

ФОТО | Најубавата жена на светот стана фатална русокоса: Како повеќе ви се допаѓа?

Моника Белучи на својот инстаграм-профил ја најави премиерата на својот нов филм „Девојката во фонтаната“ (The Girl in the Fountatin) со фотографија на која е со руса коса.

Италијанската актерка и на 58 години оправдано важи за една од најубавите жени на светот, но со својата нова фотографија сепак успеа да ги подели мислењата на обожавателите.

На својот профил на Инстаграм, Моника ја најави премиерата на документарниот филм „Девојката во фонтаната“ во кој ја портретира легендарната шведска актерка и секс-икона Анита Екберг, а за улогата стана русокоса.


Со новата боја на коса, Белучи не е лесно да се препознае на прв поглед, а нејзината драстична трансформација баш и не ги воодушеви сите и некои ги потсети на други познати русокоси.

„Прекрасна жено“, „Секогаш убава“, „Малку личи на Мадона“, „Најубавата жена на светот“, „Русата коса не ти одговара“, „Те молам врати се како што беше“, „ Мислев дека е Лејди Гага“, „На убава жена сѐ изгледа убаво“, „Русокоса? Ова не изгледа добро“, се само дел од реакциите на поделените обожаватели.


Моника веќе неколкупати беше русокоса, а уште тогаш причина беа улогите во филмот „Човекот што ја продаде својата кожа“ и серијата „Повикај го мојот агент!“.

Инаку, Белучи со својата убавина го освои светот уште во 90-тите години, кога ја започна кариерата, а денес ѝ се восхитуваат бидејќи, за разлика од многу нејзини колешки, таа успешно се спротивставува на на естетската хирургија.

ФОТО | Најубавата жена на светот плени со својата едноставност: Моника Белучи знае како да го шармира светот

ФОТО | „Непрепознатлива“: Моника Белучи стана русокоса

ФОТО | Најубавата жена на светот плени со својата едноставност: Моника Белучи знае како да го шармира светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот