ФОТО | Најпосетуваното место во светот: Трговски центар низ кој поминале 105 милиони луѓе

Фото: Sergio Boscaino / Flickr

Емиратската мултинационална компанија за развој на недвижности „Емар“ тврди дека во 2023 година дури 105 милиони посетители поминале низ Дубаи мол. Тоа е зголемување од 19 отсто во однос на 2022 година кога низ трговскиот центар поминале 88 милиони луѓе.

Тоа е новиот рекорд за оваа популарната туристичка дестинација во Дубаи која е изградена во 2008 година и се простира на неверојатни 1.200.000 метри квадратни до највисоката зграда во светот Бурџ Калифа, која е сместена во делот на градот попознат како „Даунтаун Дубаи“ (Downtown Dubai).

Фото: Unsplash

Најпосетуваното место во светот е Дубаи Мол во Обединетите Арапски Емирати, според тврдењето на сопствениците на гигантскиот трговски центар.

– Нашиот трговски центар го отсликува живиот дух на градот и посветената визија на раководството за совршеноста да стане реалност – рекол основачот на „Емар“, Мохамед Алабар при претставувањето на деловните резултати.

Фото: Needpix

Дубаи мол вклучува околу 1.200 продавници на популарни брендови на облека, чевли, накит, часовници, електроника и слично во кои можете да купувате со часови. Кога ќе сакате да направите пауза, можете да изберете еден од 200 ресторани, кафулиња и други места за одмор.

Еден од најинтересните избори што се нудат е „Рејнфорест кафе“ (Rainforest Cafe), кој со светлосните ефекти симулира џунгла во урбана средина.

Да дојдете во Дубаи мол и да не го видите нивниот монументален аквариум и подводна Зоолошка градина би било штета. Аквариумот во Дубаи е исполнет со 10 милиони литри вода и е дом на 33.000 животни – од кои дури 300 ајкули и ражи. Цената на еднодневен билет за возрасни е околу 50 евра.

Фото: Peter_069 Flickr

Дубаи мол го посетуваат локалните жители, но и туристи од целиот свет – особено од Европа, Кина и од Индија. Емар истакнал дека во првите 2 месеци од 2024 година, Дубаи Мол го посетиле околу 20 милиони луѓе, што сугерира дека рекордната посетеност ќе продолжи и понатаму во текот на годината.

Фото: Charles / Flickr

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот