Тифа и Аки/Facebook
Тифа и Аки/Facebook

ФОТО | Младен Војичиќ-Тифа за Аки: Беше човек кој знаеше да ја пренесе секоја емоција, се надевам сега е на подобро место

Аки Рахимовски, рокенрол легендата си замина во саботата на 21 јануари, 2022 година.

Почина пејачот на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски на 67 годишна возраст

За него многу пријатели музичари деновиве отворено тагуваат, но и ги споделуваат своите приказни, анегдоти и размислувања за пријателството и животот како музичари, другари, луѓе.

Еден од нив е и Младен Војичиќ-Тифа, пејачот на легендарната група „Бјело Дугме“ кој се огласи по смртта на Аки. Тој истакна дека тие двајца долго време се познавале и дека на естрадата малкумина биле како Аки.

„Секогаш ми недостастуваат зборови со кои можам да опишам луѓе кои навистина се талентирани, емотивни… Малку се таквите, кои ги знам на естрадата, каков што беше Аки. Тој знаеше да ги доведе луѓето во состојба на целосна среќа или тага“ – изјави за „Dnevni Avaz“ пејачот Тифа.

Тој изјави дека многу ќе му недостасува пејачот, но истовремено кажа:

„Мораме да бидеме реални, сето тоа, животот и смртта е дел од нашиот пат. Мислам дека е на некое подобро место сега. Нека се најде горе со Даворин Поповиќ; Мирза Делибашиќ и останатите“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот