Илустрација - Фото: pexels-pixabay

ФОТО | Крадци во Романија ограбиле старица, но „пропуштиле“ килибар вреден милион евра со кој таа ја потпирала вратата

Една од најголемите познати грутки килибар во светот, проценета на околу еден милион евра, е пронајдена во куќата на една постара жена во Романија.

Жената која го пронашла каменот тежок 3,5 килограми во коритото на поток во Колти, село во југоисточниот дел на земјата, го користела со децении како обичен затворач на вратата без никој да ја сфати неговата вредност, дури ни крадците на накит кои упаднале во нејзиниот дом, објавија локалните медиуми.

Информацијата ја потврди Даниел Костаче, директор на Провинцискиот музеј Бузау, каде моментално се чува предметот.

Извонредната фосилна смола го привлекло вниманието на роднина на сопственикот на куќата, кој починал две години по падот на комунистичката диктатура во 1989 година. Наследувајќи го она што прво мислел дека е само камен, тој повнимателно го испитал парчето килибар и заклучил дека може да биде полускапоцен камен со голема вредност. И бил во право. Тој го продал уникатното откритие на романската држава, која веднаш го класифицираше парчето како национално богатство.

Романските власти ја предадоа грутката на експерти од Историскиот музеј во Краков (Полска), кој има оддел посветен на проучувањето на полускапоцените камења. Полските експерти веднаш ја потврдија автентичноста на килибарниот камен и процениле дека тој би можел да биде стар помеѓу 38,5 и 70 милиони години.

„Неговото откритие е од големо значење и на научно и на музејско ниво“, објаснува Костаче, кој смета дека неговата вредност е бесценета. Експертот тврди дека тоа е едно од најголемите парчиња во светот и најголемо од ваков вид.

Членовите на семејството на сопственикот на куќата изјавиле дека старицата била жртва на кражба во која биле украдени само неколку парчиња златен накит од мала вредност, додека грутката килибар била целосно игнорирана.

„Во избезумената потрага по вредни предмети, тие го превидоа вистинското богатство што им беше пред очи“, велат роднините.

Романија е меѓу земјите со најзначајни наоѓалишта на килибар, а округот Бузау е една од областите каде овој полускапоцен камен се наоѓа во изобилство. Поради специфичноста на наоѓалиштата во земјата, геологот Оскар Хелм ги нарекол „руманит“, попознат како „килибар на Бузау“, според Светската академија за рекорди, водечка светска организација за сертификација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот