ФОТО: Клиничката болница Тетово обвини дека тетовец узурпира земјиште на установата, најпрвин резервар за нафта, а сега и пристап до главен булевар

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Директорот на Клиничката болница Тетово Илир Демири обвини дека тетовец одзел дел од земјиште кои било во владение на болницата 50 години каде е поставен и резервоар за нафта, а сега сака како што рече да го узурпира и пристапот на болницата до главниот булевар Благоја Тоска.

Демири кажа дека земјиштето каде што е поставен и резервоарот за нафта тетовецот успел да ги приватизира во време на поранешна локална самоуправа.

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

„Со тоа како го приватизирал ќе треба да се занимаваат институции, но сега кога се обидовме да поставиме ѕид и да го ограничиме просторот кој тој го стекнал со останатиот дел од нашиот имот во кој спаѓа и пристапот на болницата до булеварот тој насилно ни ги прекина градежните работи. Во минатото од една локална власт од поранешен градоначалник е приватизирано 87 метри квадратни и 4 квадрати од резервоарите на нафта кои се во владение на Клиничка болница Тетово 50 години. На кој начин е приватизирано со тоа нека се занимаваат органите на правдата и обвинителството. Јас сакам граѓаните на Тетово да ги информирам дека има тенденција истите луѓе да го приватизираат и овој дел што го гледате тука и да го оневозможат пристапот на Клиничка болница во булеварот Благоја Тоска, ова е таа тенденција затоа ве повикав. Оти ова е општ интерес на сите граѓани. Имаме решение од општина за да направиме ѕид и излеговме ова да го оградиме да го ограничиме до каде е наша сопственост тие дојдоа со насилство и ја попречија работата. Правно е реагирано, поднесена е жалба инфомирано се и во полицијата и во сабота мора да се стави ѕид“, рече Илир Демири директор на Клиничката болница Тетово.

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски
Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Тој дополни дека има позитивна соработка со општината кои практично ја попречуваат како што рече амбицијата на тетовецот да го узурпира и другиот дел од болницата.

„Општината не може да го попречи насилството ние тоа треба да го осудиме, да не се дава подршка на тие насилници да узурпираат земјиште, вели Демири.

Демири е релативно нов директор на Клиничката болница Тетово, а според тоа што се гледа на терен се залага за воспоставување на ред во установата. Инфраструктурно започнати се работи за уредување на паркингот со нови паркинг места, сервисен пат за Ургентниот центар, нова надворешна ограда, а реновирани и се повеќе одделенија на Клиничката болница Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот