ФОТО | Камила Кабељо ужива на плажите во Мајами: Обожавателите го коментираат нејзиното тело

Profimedia
профимедиа+инстаграм

Никој нема да ѝ ги уништи деновите на плажа! Деновиве на социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од Камила Кабељо и нејзиното момче Шон Мендез на кои уживаат на плажите во Мајами. Луѓето ја нападнаа со многу непристојни коментари за нејзиниот изглед.

Секако, меѓу коментарите на обожавателите на овој млад пар имаше и многумина кои го пофалија нејзиниот изглед.

„Никогаш нема да престанам да зборувам колку е згодна Камила Кабељо“, напиша еден корисник на „Твитер“.

„Ти си убава, нормална жена како остатокот од нас смртниците“, напиша друг корисник на социјалната мрежа, пренесува „US Magazine“.

Profimedia
Profimedia

„На почетокот бев несигурна кога ќе замислев како изгледаат тие фотографии. Мојот целулит! Леле, не! Не го повлеков стомакот навнатре. Но, потоа сфатив. Се разбира дека има лоши фотографии, лоши агли, моето тело не е направено од камен, не е целото од мускул, но најтажно е што сега девојките растат во свет каде што копнеат по фотошопирано совршенство кое не е вистинито“, во една прилика изјави пејачката по сличен инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот