ФОТО | Инвестираат милиони во декорациите и се натпреваруваат со раскошот: Новогодишните елки на познатите лица се вистински спектакл

Instagram

Во овој домен дефинитивно на првото место се наоѓаат сестрите Кардашијан – Џенер…

Славните холивудски личности, риалити ѕвезди и манекенки инвестираат многу пари во новогодишната декорација, сакајќи нивната новогодишна елка да изгледа колку што е можно пораскошно и побајковито.

Instagram
Instagram

Имено, некои од познатите личности инвестираат милиони долари со цел да го декорираат и осветлат својот дом и имот, а истиот случај е и со елката, која секогаш треба да изгледа совршено.

Instagram
Instagram

Изгледа дека познатите се натпреваруваат и во димензиите и во раскошот на елката, а во овој домен на првото место дефинитивно се наоѓаат сестрите Кардашијан – Џенер.

Instagram
Instagram

Тие веќе неколку години се синоним за претерување во речиси сè, па така и претерано декорираат за претстојните празници, а за тоа трошат неверојатна сума на пари.

Instagram
Instagram

Најмладата милијардерка во светот и член на кланот Кардашијан – ЏенерКајли Џенер го ангажираше дизајнерот Џеф Литам да ја осмисли нејзината празнична декорација во луксузната вила во која живее.

Instagram
Instagram

Нејзината мајка Крис Џенер потроши 28.000 долари на божиќните украси кои стоеа само еден месец, а зад ова семејство во трошењето на пари на декорации не заостанува ниту „кралицата на божиќните песни“ Мараја Кери.

Instagram
Instagram

Таа купува елки кои се исклучително повисоки од пет метри и секогаш има по неколку новогодишни елки декорирани по нејзина желба.

Поради песната „All I Want For Christmas Is You” оваа пејачка секоја година е побогата за еден милион долари врз основа на авторските права и тоа е убедливо најслушаната песна во светот за време на новогодишните празници.

Instagram
Instagram

Освен споменатите ѕвезди, големи средства на огромни елки инвестираат и ангелот на Викторија Сикрет – Алесандра Амброзио, Бритни Спирс, манекенката Емили РатајковскиЏенифер Лопез , Дрејк и уште многу други.

Instagram
Instagram

Instagram
Instagram
Instagram
Instagram

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот