ФОТО: Играчот на МЗТ Војдан Стојановски прогласен за МВП во финалната серија

фото: kfsm.mk

На грбот на репрезентативниот капитен, Војдан Стојановски, МЗТ Скопје Аеродром си запиша уште една шампионска титула во својата клупска историја освојувајќи ја двојната круна во домашното првенство откако пред неколку месеци го подигна и преодниот трофеј од државниот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“.

В. Стојановски беше видно расположен во финалната серија од плеј-офот, водејќи ги своите соиграчи на паркетот до сигурна победа која ја запечати судбината на „металците“ во завршницата од оваа натпреварувачка сезона.

Играчот на МЗТ ја започна финалната серија со 11 поени, девет скока, две асистенции и две украдени топки на првиот натпревар кој МЗТ го доби убедливо со 84:64.

Потоа, следуваа нови подобри перформанси во вториот меч од оваа серија, односно 23 поени, три скока, четири асистенции и пет украдени топки (75:67).

И, секако, на последниот дуел во Битола кој заврши со 83:92, беше најефикасен со неверојатни 33 поени, седум скока, две асистенции и една украдена топка.

Ваквите одлични партии му го донесоа признанието за најкорисен играч (МВП) во финалната серија во Првата македонска кошаркарска лига.

фото: kfsm.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот